• недела, 24 ноември 2024

Франческа ди Џовани е првата директорка за мултилатерални работи во Ватикан

Франческа ди Џовани е првата директорка за мултилатерални работи во Ватикан
Ватикан, 15 јануари 2020 (МИА) – Папата Франциск ја именува Франческа ди Џовани за прва жена директор во еден од најважните ватикански секретаријати. Ди Џовани (66) е именувана за потсекретар за мултилатерални работи во Државниот секретаријат, што значи дека ќе биде одговорна за водење на одделението што ги координира односите помеѓу Ватикан со Обединети нации и другите меѓувладини организации. Папата Франциск одлучи на жените да им даде поголема улога во донесувањето големи одлуки во Ватикан и во Католичката црква, работи што досега ги извршуваа свештеници, бискупи или кардинали. Ди Џовани истакна дека нејзиното именување покажува дека папата Франциск посветува внимание на жените. - Се надевам дека тоа што сум жена ќе влијае позитивно, посочи Ди Џовани. Уште неколку жени имаат ист ранг во другите канцеларии на Ватикан, вклучително и потсекретаријатот за верски ред и два потсекретаријати во ватиканската канцеларија за лаици. Државниот секретаријат е најважна ватиканска канцеларија што ја координира работата на Светата столица, како и дипломатските односи со другите држава. ми/

Остани поврзан