• четврток, 19 декември 2024

Француското обвинителство бара четири години затвор за Саркози

Француското обвинителство бара четири години затвор за Саркози
Париз, 8 декември 2020 (МИА) - Обвинителите во судскиот процес против поранешниот француски претседател Никола Саркози побараа денеска тој да биде осуден на четири години затвор, од кои две да бидат условни и евентуално отслужени при ново кривично дело по одреден период. Шеесет и пет годишниот десничарски политичар, прв шеф на државата кој се појавил на обвинителна клупа во модерната историја на Франција, е обвинет дека се обидел да поткупи судија со атрактивна работа во замена за внатрешна информација за истражување на финансиите во неговата предизборна кампања. гт/

Остани поврзан