• среда, 25 декември 2024

Француското Национално собрание го одобри планот за излегување од мерките на ограничување

Француското Национално собрание го одобри планот за излегување од мерките на ограничување

Париз, 28 април 2020 (МИА)  Со широко мнозинство, Националното собрание го одобри планот на владата за излез од мерките на ограничување, воведени на 17 март за ставање под контрола на епидемијата со Ковид-19, јави дописникот на МИА.

За стратегијата на извршната власт од 571 пратеници, гласаа 368 пратеници, 100 беа против, додека 103 воздржани.

Во собраниската сала имаше само 75 пратеници, ова поради мерките на социјално растојание, но сите пратеници можеа да гласаат. Резултатот е без изненадување, бидејќи владата располага со апсолутно мнозинство од Републиката во движење. Од мнозинството против гласаше само еден пратеник, а шест беа воздржани.

За време на дебатата опозицијата од левицата и десницата се покажаа многу критични за планот и стратегијата на владата на Едуар Филип. Тиe ja обвинија извршната власт за „контрадикторни одлуки “ и „многу грешки“ околу маските, тестовите или враќањето училиштата.

Дури и ако парламентарците не го одобреа планот на владата,  , владата не ќе беше обврзана да се откаже од својата стратегија: гласањето предвидено со член 50-1 од Уставот е само консултативно. За разлика од обврзувачкото гласање, закажано за мај, на предлог-законот што ќе произлезе од планот за излегување од мерките на ограничување.тг/

Остани поврзан