• среда, 27 ноември 2024

Француското Министерство за правда цел на киберкриминалци

Француското Министерство за правда цел на киберкриминалци

Париз, 27 јануари 2022 (МИА) – Групата на програмата за откуп Lockbit 2.0, позната по тоа што го уценувала Талес, тврди дека успеала да го хакира Министерството за правда, објави вечерва париски „Либерасион“. Со „одбројувач“, тие се закануваат дека ќе ги објават документите што наводно ги узурпирале за време на нападот во рок од две недели, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Киберкриминалците од групата за откуп (или откупнина од контракцискиот софтер за откуп) Lockbit 2.0 тврдат дека ја нападнале страницата на Министерството за правда. Со голем црвен одбројувач како поддршка, тие се закануваат дека ќе објават документи кои би успеале да ги објават во рок од две недели. Контактирани од Либерасион, Министерството за правда посочува дека „научило за тревогата и веднаш се организирало за да ги изврши потребните проверки, во соработка со надлежните служби во оваа област“.

Според фирмата за кибербезбедност Касберски, Lockbit ransomware е „злонамерен софтвер создаден да го блокира пристапот на корисниците до компјутерските системи и да ја укине бравата во замена за откуп“. Ова е напад насочен кон одредени компании или други организации. Прво наречена „virus.abcd“, програмата Lockbit се користи во напади забележани од септември 2019 година. „САД, Кина, Индија, Индонезија и Украина веќе беа цел во минатото на вакви напади“, додава компанијата.

Генерално, како што објаснува за Либерасион Анис Ајари, инженер за вештачка интелигенција, откупниот софтвер „ги шифрира податоците за повеќе да нема пристап до нив“. 

Во случајот со Министерството за правда, некои експерти ја отвораат можноста за „блеф“ од страна на групата Lockbit 2.0. Анис Ајари прецизира дека групите за откуп се „многу организирани“: „Ако се забавуваат со блефирање, тие го губат кредибилитетот и затоа ризикуваат никој повеќе да не им плаќа. Но, мора да се има предвид дека пазарот на откупни софтвери е хиперконкурентен пазар и дека тој е вистински бизнис“. тг/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан