• недела, 24 ноември 2024

Француско-германска комеморација во Битола и Прилеп по повод Денот на примирјето од Првата светска војна

Француско-германска комеморација во Битола и Прилеп по повод Денот на примирјето од Првата светска војна
Скопје, 10 ноември 2022 (МИА) - По повод Денот на примирјето од Првата светска војна ("Commémoration du 11 novembre 1918") и Денот на народна жалост („Volkstrauertag“), амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија денеска заедно ќе го одбележат споменот за сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи. Како што наведуваат во заеднишкото соопштение француската и германската амбасада, ќе се одржат две комеморации, во 11 часот на Француските воени гробишта во Битола и во 13 часот на Германските воени гробишта во Прилеп. Првата светска војна заврши на 11 ноември 1918 година. Позната е како Големата војна и се смета за една од најсмртоносните конфликти во историјата. Се проценува дека биле мобилизирани повеќе од 70 милиони лица, вклучувајќи и 60 милиони Европејци, а загинале повеќе од девет милиони борци и седум милиони цивили. вг/са/

Остани поврзан