• сабота, 23 ноември 2024

Француски суд нареди осигурителна компанија да обештети загуби на ресторан во Париз поради Ковид-19

Француски суд нареди осигурителна компанија да обештети загуби на ресторан во Париз поради Ковид-19
Париз, 22 мај 2020 (МИА) - Суд во Париз донесе пресуда дека осигурителната компанија AXA мора да му надомести на сопственик на еден ресторан за загуби од два месеци поради коронавирусот. Ова го соопшти денеска адвокатот на ресторанот. Случајот може да ја отвори вратата за бран на слични тужби, јавија француски медиуми. АХА соопштија дека ќе ја обжалат пресудата. Тврдеа дека постои разлика во толкувањето на специфичен вид договор потпишан со неколку стотици ресторани со една брокерска куќа. Случајот беше изнесен од страна на Стефан Маниголд, кој е сопственик на четири ресторани во Париз. Тој поднесе тужба во која се бара АХА да ги покрие оперативните загуби по владината наредба во средината на март да затвори барови и ресторани за да се обиде да го забави ширењето на вирусот. - Ова е колективна победа, изјави тој. Судот соопшти дека административната одлука за затворање на ресторанот „е квалификувана за покритие од осигурувањето како загуба на деловен прекин“. - Ова значи дека сите компании со иста клаузула можат да се жалат на своите осигурителни компании, рече адвокатот на Маниголд, Анаис Совањ. AXA има 13 удел на пазарот меѓу француските занаетчии и трговци. AXA соопшти дека има само 200 договори во своето портфолио со француски бизниси во различни сектори кои обезбедуваат гаранции за деловен прекин кога нема физички штети и дека ќе изврши компензација за нив. Според локални медиуми, осигурителните компании тврдат дека ризикот од пандемија е исклучен од гаранциите за осигурување. Француските осигурителни компании инаку би требало да компензираат 20 милијарди евра месечно за оперативни загуби поради прекинот, покажуваат проценките на индустријата. зш/

Остани поврзан