• понеделник, 14 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Француски премиер: Американските царини се економска катастрофа за Европа

Француски премиер: Американските царини се економска катастрофа за Европа

Париз, 3 април 2025 (МИА) - Францускиот премиер Франсоа Бајру изјави денеска дека царинските мерки што ги воведе Доналд Трамп претставуваат економска катастрофа за светот и ќе создадат сериозни потешкотии за Европа.

- Ова не е само проблем за Европа – овие царини ќе бидат катастрофални и за самите САД и за американските граѓани, нагласи Бајру во изјава за медиумите, пренесуваат БФМТВ и „Ле Фигаро“.

Францускиот премиер остро ја критикуваше американската политика, обвинувајќи ја администрацијата во Вашингтон дека им врти грб на своите сојузници.

- Се наоѓаме во сериозен период, во кој Европа и целиот Запад треба да размислат како да се справат со овие предизвици, предупреди Бајру. ссм/

фото: архива

Остани поврзан