Француски медиуми: ПСЖ го раскина договорот со Галтие
- Повеќер француски медиуми попладнево објавија за раскин на договорот на Пари Сен-Жермен со тренерот Кристоф Галтие.
Париз, 4 јули 2023 (МИА) – Повеќер француски медиуми попладнево објавија за раскин на договорот на Пари Сен-Жермен со тренерот Кристоф Галтие.
Според „Le Parisien“, официјално, оставката на Галтие може да биде објавена по назначувањето на Луис Енрике.
Наводно, Енрике веќер е во Париз за да потпише договор со ПСЖ. Првата прес-конференција на шпанскиот фудбалски стручњак како селектор на тимот е закажана за в среда.
Новинарот Андрес Онрубија пренесува дека Енрике ќе потпише договор на две сезони со ПСЖ. Во исто време, не е прецизирано дали во договорот има опција за продолжување. зс/
Фото: ЕПА