• среда, 25 декември 2024

Француските фудбалски клубови остануваат без 110 милиони евра од ТВ права

Француските фудбалски клубови остануваат без 110 милиони евра од ТВ права
Париз, 29 март 2020 (МИА) - Француските клубови ќе останат без 110 милиони евра бидејќи телевизискикот гигант „Канал+“ одбива да ја плати ратата за ТВ права оти моментно нема фудбал поради пандемијата на коронавирус. Продажбата на телевизиските права сочинуваат речиси 40 отсто од годишните буџети за најголем дел од фудбалските клубови во Франција. За една сезона, „Канал+“ издвојува 541 милиони евра за клубовите во Лига 1 и во Лига 2. Во таа сума не влегуваат 200 милиони евра на филијалата „БеИН спорт“. сѓд/

Остани поврзан