• недела, 24 ноември 2024

Француските земјоделци почнаа да ги отстрануваат блокадите околу Париз

Француските земјоделци почнаа да ги отстрануваат блокадите околу Париз

Париз, 2 февруари 2024 (МИА) - Француските земјоделци почнаа постепено да ги укинуваат блокадите околу Париз и на други места во земјата, еден ден откако француската Влада понуди мерки вредни повеќе од 400 милиони евра како одговор на нивните барања за подобри услови за земјоделство.

На главните патишта околу француската престолнина, земјоделците почнаа да ги отстрануваат шаторите, да го расчистуваат патот и да ги палат балите со сено за да ги користат како барикади. Колони трактори мирно заминуваат од местото на блокадите, со присуство на полиција која обезбедува се да помине безбедно.

Претседателот на најголемиот синдикат на земјоделци ФНЕСЕА, Арно Русо, изјави дека земјоделците внимателно ќе следат дали Владата ќе ги исполни ветувањата до јуни и предупреди дека се подготвени повторно да организираат протести додека Франција се подготвува за Олимпијадата во Париз на лето.

На 1 февруари, францускиот премиер Габриел Атал објави збир на нови мерки поврзани со барањата на земјоделците, откако неговите претходни ветувања не наидоа на нивно одобрување.

Новите мерки вклучуваат милиони евра помош и даночни олеснувања, како и ветување дека нема да се забрани употребата на пестициди во Франција кои се дозволени во другите европски земји. Земјоделците сметаат дека оваа забрана води до нелојална конкуренција. мс/

фото: „Х“

Остани поврзан