• среда, 27 ноември 2024

Францускиот ракометен репрезентативец Кунку осомничен за силување

Францускиот ракометен репрезентативец Кунку осомничен за силување

 

Париз, 31 јануари 2024 (МИА) – Ракометарот Беноа Кунку, кој во неделата со француската репрезентација го освои златниот медал на Европското првенство, е осомничен за обид за силување во париски ноќен клуб ноќта меѓу понеделникот и вторник.

Дваесетишестогодишниот ракометар е приведен во полиција, а отворена е истрага за случајот, јавија денеска француските медиуми.

По триумфот над Данска во финалето на Европското првенство во неделата во Келн, француските репрезентативци се вратија во Франција во понеделникот и беа примени од претседателот Емануел Макрон.

Поранешниот играч на париски ПСЖ, Кунку, во моментов настапува за полскиот клуб Кјелце. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан