Францускиот претседател утре ќе именува нов мандатар
- Францускиот претседател Емануел Макрон утре претпладне ќе именува нов мандатар за состав на влада, соопшти Елисејската палата.
Париз, 12 декември 2024 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон утре претпладне ќе именува нов мандатар за состав на влада, соопшти Елисејската палата.
- Соопштението за именувањето на премиерот ќе биде објавено утре наутро, соопштија соработници на Макрон, додека францускиот претседател вечерва слета на парискиот аеродром, враќајќи се од посетата на Полска.
Францускиот парламент на 4 декември и изгласа недоверба на владата на премиерот Мишел Барние и тоа се случува првпат по падот на владата на Жорж Помпиду во 1962 година. јт/
Фото: ЕПА