• вторник, 19 ноември 2024

Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР

Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР
Скопје, 4 јули 2022 (МИА) - Францускиот предлог денеска беше претставен пред Стратешкиот совет на Министерството за надворешни работи со цел одржување консултации за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија, информираше вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил.
Како што напиша Османи, консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата. ки/лв/

Остани поврзан