Францускиот парламент ќе ја испита сексуалната злоупотреба во киното
- Францускиот парламент денеска се согласи да формира истражна комисија за да ги испита актите на сексуална злоупотреба и напади во киното и другите културни сектори по неколку неодамнешни обвинувања.
![Францускиот парламент ќе ја испита сексуалната злоупотреба во киното](https://new.mia.mk/index.php/images/20240502112531_big_730x400_27.webp )
Париз, 2 мај 2024 (МИА) - Францускиот парламент денеска се согласи да формира истражна комисија за да ги испита актите на сексуална злоупотреба и напади во киното и другите културни сектори по неколку неодамнешни обвинувања.
Националното собрание, или Долниот дом, едногласно се согласи со предлогот изнесен од актерката Џудит Годреше, која ги обвини режисерите Беноа Жак и Жак Дојон дека сексуално ја нападнале кога била тинејџерка. И двајцата ги отфрлија обвинувањата. мс/
фото: МИА архива