• среда, 27 ноември 2024

Францускиот министер за надворешни работи за изјавата на Трамп: На Европа и треба уште едно животно осигурување заедно со НАТО

Францускиот министер за надворешни работи за изјавата на Трамп: На Европа и треба уште едно животно осигурување заедно со НАТО

Париз, 12 февруари 2024 (МИА) - На Европа покрај НАТО и треба „уште едно животно осигурување“, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне, откако републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп потврди дека ќе ја „охрабри“ Русија да ги нападне земјите од НАТО доколку не платат за нејзиниот удел за членство во Алијансата“.

Потребно ни е уште едно животно осигурување, не како замена, не против НАТО, туку како додаток“ на оваа организација, рече Сежурне за време на состанокот во Париз со неговиот германски и полски колега.

„Атлантската алијанса не е договор со безбедносна компанија“, истакна полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски. зш/

Остани поврзан