• вторник, 12 ноември 2024

Францускиот гигант Бордо прогласи банкрот

Францускиот гигант Бордо прогласи банкрот


Бордо, 26 јули 2024 (МИА) – Шесткратниот француски фудбалски првак Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во третата лига.
Одлуката уследи по повлекувањето на сопствениците на англиски Ливерпул од преговорите за купување на францускиот тим, соопшти Бордо.
На почетокот на овој месец, Бордо беше суспендиран од Лига 2 поради финансиски проблеми.
Откако сопствениците на Ливерпул, Fenway Sports Group се повлекоа од преговорите, надежите на клубот за опстанок беа ефективно прекинати.
„Ова е тешка одлука која е неизбежна последица на тековниот процес на реструктурирање“, се вели во соопштението на фудбалскиот клуб Бордо, кој исто така ќе се откаже од професионалниот статус што го има од 1937 година и ќе ја затвори својата позната академија која помогна во развојот на играчи како Зинедин Зидан. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан