• четврток, 26 декември 2024

Францускиот амбасадор Баумгартнер ја посети општина Кавадарци

Францускиот амбасадор Баумгартнер ја посети општина Кавадарци
Кавадарци, 29 септември 2022 (МИА) - Соработката се зајакнува и има повеќе работи кои се на повидок, ќе имаме убава соработка и понатаму, истакна денеска во Кавадарци амбасадорот на Франција во земјава Сирил Баумгартнер.
Амбасадорот Баумгартнер изрази задоволство од втората средба со градоначалникот Митко Јанчев, за којшто рече дека е многу динамичен и популарен.
- Имавме можност да размениме мислења околу повеќе теми. Меѓу другото, зборувавме за
присуството на Франција во Северна Македонија, за проекти, околу наставата на француски јазик во општината, рече амбасадорот.
Градоначалникот Јанчев исто така изрази задоволство од средбата. Тој информираше дека се разговарало во делот на економијата, образованието, локална и централна политика и изучувањето на францускиот јазик.
Како што информираа од локалната самоуправа, на агендата за посета се и две воспитно-образивни институции во Кавадарци. свд/мд/

Остани поврзан