• четврток, 26 декември 2024

Францускиот актер Ален Делон почина на 88-годишна возраст

Францускиот актер Ален Делон почина на 88-годишна возраст

Париз, 18 август 2024 (МИА) - Францускиот актер Ален Делон почина на 88-годишна возраст, пренесе АФП, повикувајќи се на изјава на неговите три деца, јави БТА.

-Ален Фабиен, Анушка, Ентони како и (неговото куче) Лубо со голема тага објавуваат за смртта на нивниот татко. Тој почина мирно во својот дом во Војводството, опкружен со неговите три деца и семејството. Неговото семејство љубезно бара да ја почитувате нивната приватност во ова крајно болно време на жалост, се вели во соопштението.

Ален Делон беше филмска икона на 20 век, познат по одличните улоги во бројни филмови како „Роко и неговите браќа“ и „Господарка на играта“. Учествувал во повеќе од 90 филмови.

Ален Делон е и режисер, сценарист, продуцент, пејач. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан