• недела, 24 ноември 2024

Француска репрезентативка притворена за физички напад

Француска репрезентативка притворена за физички напад
Париз, 10 ноември 2021 (МИА) - Фудбалерката на ПСЖ и на француската репрезентација Амината Диало е притворена поради вмешаност во напад врз клупска колешка, објавија денеска француските медиуми. Весникот Л Екип објави дека Диало (26) е осомничена дека го организирала физичкиот напад врз клупската и репрезентативна колешка Кеира Хамрауи што се случил на 4 ноември. Хамрауи и Диало се наоѓале во исто возило, кога двајца маскирани мажи ја извлекле од автомобилот Хамрауи, удирајќи ја притоа со железна прачка по нозете. Инцидентот го потврди и ПСЖ, но засега не е познат поводот за нападот. Во вторникот вечерта Диало беше во составот на ПСЖ во победата од 4-0 над Реал Мадрид во Лигата на шампиони, додека Хамраоуи, која игра на истата позиција, не беше во составот. ег/ми/

Остани поврзан