• четврток, 19 декември 2024

Француска армија соопшти дека во мали се убиени околу 30 џихадисти

Француска армија соопшти дека во мали се убиени околу 30 џихадисти
Париз, 8 февруари 2022 (МИА) – Армијата на Мали и припадниците на европските специјални сили на групата Такуба на почетокот на февруари убиле околу 30 џихадисти, соопшти вечерва Генералштабот на француската армија. „Ова е првпат единица на Мали ангажирана во Такуба да има таков оперативен биланс“, соопшти Генералштабот, додавајќи дека операцијата била спроведена од 1 до 6 февруари на границата на Мали, Буркина Фасо и Нигер. Соопштението доаѓа во време кога е загрозена иднината на оперативната група Такуба, создадена во 2020 година на иницијатива на Париз и во која учествуваат десетина европски земји. Соочена со непријателската хунта во Мали која го протера амбасадорот и бараше заминување на неодамна распоредениот дански контингент, Франција си даде рок до средината на февруари да одлучи со европските партнери за иднината на своето воено присуство во земјата. Такубу се состои од околу 800 војници и сега зависи од добрата волја на хунтата во Мали. Норвешка најави дека ќе се откаже од испраќање мал контингент, поради немање договор со Бамако. Во Мали од 2013 година има мировна мисија на ОН. Истовремено со таа мисија, Франција, исто така, од 2013 година предводи воена акција против борбените групи на екстремистички организации кои ги зазедоа областите во северниот дел на земјата. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан