• среда, 25 декември 2024

Француската полиција уапси над 700 лица во нередите низ целата земја

Француската полиција уапси над 700 лица во нередите низ целата земја

Париз, 2 јули 2023 (МИА) - Француската полиција уапси најмалку 719 лица синоќа за време на дополнителните нереди против полициската бруталност, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи според првичната проценка.

Министерството на Твитер објави и дека во нередите се повредени 45 полицајци.

Во јужното париско предградие Л'ај ле Роз, напаѓачите ја нападнале куќата на градоначалникот. Нападот се случил во 01:30 часот, кога Винсент Жанбрун бил во својата канцеларија. Неговата сопруга и двете деца спиеле кога непознати напаѓачи ја пробиле влезната врата и го запалиле автомобилот.

Нередите беа предизвикани од фаталното пукање во вторникот во 17-годишен возач од страна на полицијата за време на сообраќајна контрола. Нереди избувнаа низ цела Франција.

На полицаецот осомничен за убиството на тинејџерот му е одреден притвор и се соочува со прелиминарна истрага за убиство од небрежност. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан