• четврток, 26 декември 2024

Француската полиција почна истрага за нелегални вечери и забави во Париз

Француската полиција почна истрага за нелегални вечери и забави во Париз
Париз, 5 април 2021 (МИА) - Француската полиција почна истрага за наводни нелегални вечери и забави во Париз, јави Би-Би-Си. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин нареди истрага, со образложение дека таквите собири, што ги кршат ограничувачките мерки воспоставени за контрола на коронавирусот, се „целосно неприфатливи“. Приватната телевизиска станица М6 објави тајно снимен напис на Твитер, со текст „кавијар, шампањ, менија на врвни готвачи и без обврска да носат маска“. Франција во моментов е под трето затворање на ниво на држава. Снимката на М6 покажува неименуван приватен ресторан во Париз каде на гостите им било кажано дека можат да ги тргнат своите маски. Локацијата е тајна, ролетните се спуштаат, а во просторот се внесува преку станбена зграда. Келнерот му вели на новинарот на влезот во ресторанот дека „луѓето не мора да носат маски таму“ и „кога ќе влезете тука повеќе нема Ковид-19“. Според телевизискиот извештај, менито во нелегалните ресторани чини од 160 до 490 евра по лице, нагласува Би-Би-Си. Казните за кршење на мерките се една година затвор и 15 илјади евра за загрозување на животот, и 135 евра за секој гостин за кршење на полицискиот час и иста сума за неносење маска. паг/

Остани поврзан