• недела, 24 ноември 2024

Француската компанија „Оранж“ мора да му плати на ривал 250 милиони евра

Француската компанија „Оранж“ мора да му плати на ривал 250 милиони евра
Париз, 19 јуни 2020 (МИА) - Суд во Париз му нареди на францускиот телекомуникациски оператор „Оранж“ да му плати на локалниот ривал „Дигисел“ речиси 250 милиони евра (280 милиони долари) како отштета поради нелојална конкурентска пракса на француските Кариби, потврди денеска компанијата Оранж. Апелациониот суд во Париз неделава донесе одлука „Оранж“ да му плати на „Дигисел“ 181,5 милиони евра обештетување и 68 милиони евра камата, објави денеска списанието „Капитал“. „Оранж“ размислува дали да поднесе жалба на одлуката до францускиот касационен суд, изјави портпарол на компанијата. јт/

Остани поврзан