• недела, 24 ноември 2024

Француската Влада му помага на Ер Франс со седум милијарди евра

Француската Влада му помага на Ер Франс со седум милијарди евра
Париз, 25 април 2020 (МИА) - Француската Влада синоќа објави дека со историски „седум милијарди евра“ ќе и помогне на авиокомпанијата Ер Френс, чија флота во голема мерка е приземјена поради забраната за патување поради пандемијата на коронавирусот. Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека Владата „ќе одвои четири милијарди евра за спас на националната авиокомпанија“ во форма на гаранции за заем и три милијарди евра во директни заеми. Владата бара од Ер Франс да ги почитува условите на профитабилност и да работи „еколошки поодржливо“ - да го намали загадувањето, рече министерот. Тој истакна дека Владата не размислува за национализација на авиокомпанијата. јт/  

Остани поврзан