• петок, 26 јули 2024

Француската брза железничка мрежа е погодена од „злонамерни дејствија“

Француската брза железничка мрежа е погодена од „злонамерни дејствија“

Париз, 26 јули 2024 (МИА) - Француската брза железничка мрежа е погодена од „злонамерни дејствија“, меѓу кои и предизвикан пожар - и поради тоа е нарушено одвивањето на транспортниот систем, соопшти утрово железничкиот оператор SNCF. Соопштението е објавено само неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз.

„Ова е напад со големи размери за да се парализира мрежата Те-Же-Ве (TGV)“, соопштија од SNCF. 
Според нви, многу рути ќе мора да бидат откажани и ситуацијата ќе трае „барем цел викенд додека се вршат поправките“. зш/

Остани поврзан