• сабота, 27 јули 2024

Француската брза железница погодена е од „саботажа“

Француската брза железница погодена е од „саботажа“

Париз, 26 јули 2024 (МИА) – Нападите со предизвикани пожари врз голем дел од француската брза железничка мрежа се координирани акти на „саботажа“, изјави за француски медиуми извор близок до истрагата.

Нападите биле „очигледно координирани“, рече изворот откако железничкиот оператор SNCF објави дека биле жртва на „напад од големи размери за парализирање на мрежата TGV“.


SNCF соопшти утрово дека поради вандалските напади е нарушен транспортниот систем. Соопштението е објавено само неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз.

Според нви, многу рути ќе мора да бидат откажани и ситуацијата ќе трае „барем цел викенд додека се вршат поправките“.зш/

Остани поврзан