• петок, 27 декември 2024

Французин осмисли нараквица за спречување напад, поттикнат од лично трагично искуство

Французин осмисли нараквица за спречување напад, поттикнат од лично трагично искуство

Париз, 7 ноември 2022 (МИА) - Поттикнат од лично трагично искуство, Французинот Александре Сере осмисли и дизајнираше уред-нараквица за спречување напад на улица. По три години работа, иноваторот, со неговиот петчлен тим го претставија „Сарат“ (Carrat) - уред во облик на стилска нараквица поврзана со мобилна апликација

Александре живее во центарот на Париз, па пред три години, една вечер ја чекал својата девојка во близина на Ајфеловата кула, а тогаш им се случил кошмар... Кога конечно примил нејзин повик, таа му рекла дека ја запрел непознат човек близу нејзиниот автомобил, а потоа ја нападнал и силувал. За жал, полициската истрага била сериозно попречена поради недостиг на докази, па случајот не минал на суд.

Додека ѝ помагал на својата девојка во опоравувањето, му се јавила желба да направи нешто со што идните жртви ќе се заштитат од слични немили настани. Така настанал изумот. Апликацијата со активација ги предупредува одбраните контакти за итни случаи. Со две притискања на украсното копче на нараквицата, се упатува итен телефонски повик до главниот безбедносен контакт на корисникот, а истовремено, и на пет телефонски броеви се испраќа порака со ГПС-местоположбата на корисникот. - Сакаме да спречиме да се случуваат вакви нескани настани, уште пред да се случат. Тоа доаѓа со нараквиците, но и со едукација на луѓето, рече Сере. Уредот ќе работи насекаде во светот, сѐ додека има Блутут-поврзаност, истакна тој.  си/сд/

Остани поврзан