• среда, 25 декември 2024

Французинот Мане нов ракометар на Металург

Французинот Мане нов ракометар на Металург
Скопје, 24 јули 2021 (МИА)  Три денови по доаѓањето на португалското лево крило Рибеиро, македонскиот ракометен прволигаш Металург денеска се засили и на позицијата лев бек, потпишувајќи двегодишен договор со Французинот Абдула Мане. Дваесетипетгодишниот Французин доаѓа во скопскиот прволигаш од екипата на Дижон, а претходно во кариерата настапуваше и за Безансон, Белфорт и Мулхаус. По браќата Нокас, Мане е третиот француски ракометар во Металург и вкупно седмо засилување на екипата за претстојната сезона. Претходно, Металург ги засили своите редови и со пикерот Костадин Петров, средниот бек Бобан Каковски и голманот Димитар Бардаковски. ег/ар/

Остани поврзан