• недела, 24 ноември 2024

Франција ќе и обезбеди на либанската армија оклопни возила

Франција ќе и обезбеди на либанската армија оклопни возила

Париз, 6 ноември 2023 (МИА) - Франција ќе испрати десетици оклопни возила на либанската армија за да и овозможи на војската ефикасно да ги извршува своите патролни мисии, изјави францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорно.

Во интервју за либанскиот весник L'Orient Le Jour по посетата на Либан, Лекорно рече дека е од витално значење да се зајакне либанската национална армија за да може да ги координира своите акции со мировните сили на ОН, додека се зголемуваат тензиите меѓу Израел и движењето Хезболах поддржано од Иран во јужен Либан.

„Ќе го продолжиме нашето партнерство со воена опрема, главно оклопна, за транспорт на војници, што е клучно за одржување на патролите“, рече тој, додавајќи дека неколку десетици оклопни возила наскоро ќе и бидат доставени на либанската армија.

- Нашата поддршка за либанската армија е долгорочна, без оглед на сегашните тешкотии, прецизира Лекорно.

Париз, исто така, ќе обезбеди лекови и ќе воспостави идна заедничка програма за купување медицински материјали по разумни цени за либанската војска, рече тој.

Околу 700 француски војници се дел од мировните сили на Обединетите нации во Јужен Либан (УНИФИЛ), создадени во 1978 година по насилството долж израелско-либанската граница. ссм/

 

Остани поврзан