• среда, 25 декември 2024

Франција ја затвори вратата за Зинедин Зидан

Франција ја затвори вратата за Зинедин Зидан

Париз, 26 март 2024 (МИА) - Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Диало му ја затвори вратата на Зинедин Зидан. Селекторот нема да ја води репрезентацијата најмалку до 2026 година. Ова станува јасно од изјавата на фудбалскиот функционер.

Во интервју за локалното издание Le Figaro, Филип Диало гарантира дека без разлика на настапот на „петлите“ на Европското првенство во Германија летово, позицијата на селекторот Дидие Дешан останува забетонирана.

Поранешниот менаџер на Олимпик Марсеј, Дешан, потпиша продолжување на договорот по поразот на Франција во финалето на Светското првенство од Аргентина во Катар. Новиот договор е до 2026 година.

Во последните години името на Зинедин Зидан често доаѓаше во прв план како евентуален селектор на француската репрезентација.

-Зинедин Зидан е една од легендите на францускиот фудбал. Ние сме должни да покажеме признание за сето она што тој го придонел за францускиот народ. Но, има и друга работа, а тоа е дека го имаме најдобриот тренер во францускиот фудбал до 2026 година. Тоа е се што треба да се каже, категорично објави Диало.

Зинедин Зидан е невработен од 2021 година, откако го напушти Реал Мадрид. дс

Фото: Архива

Остани поврзан