• вторник, 24 декември 2024

Франција сака да ги организира ЗОИ 2030

Франција сака да ги организира ЗОИ 2030

Париз, 7 ноември 2023 (МИА) – Франција, која идната година ќе биде домаќин на Летните олимписки игри (ЛОИ), објави и кандидатура за организација на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 2030.

Претседателот на францускиот Олимписки комитет Давид Лапартиен објави денеска дека потребната документација за кандидатура е предадена до Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

Официјално домаќин би бил градот Ница, а натпреварувањата би се одржале во покраините Прованс – Алпи – Азурен брег, Оверњ и Рона – Алпи.

Претставувајќи ја кандидатурата, првиот човек на француското олимписко движење најави дека 95 отсто од натпреварувањата ќе се одржат на постојните локации, а буџетот за организација на Игрите нема да надмине 1.5 милијарди евра.

Досега кандидатури за ЗОИ2030 најавија и САД, Швајцарија и Шведска.

Домаќинот ќе биде објавен во јули идната година. ег/паг/

Фото: Икс

Остани поврзан