• среда, 25 декември 2024

Франција приземји авион со над 300 Индијци поради „криумчарење луѓе“

Франција приземји авион со над 300 Индијци поради „криумчарење луѓе“

Париз, 22 декември 2023 (МИА) - Авион за Никарагва со повеќе од 300 индиски патници е приземјен во Франција поради сомневање за „шверц со луѓе“, соопштија денеска француските власти.

Авионот бил задржан вчера по анонимна дојава, соопштија париските обвинители. 

Локални медиуми јавуваат дека авионот полетал од Обединетите Арапски Емирати и дека веќе е започната судска истрага за условите и целите на патувањето.

Летот го извршила романска чартер компанија. Тој слетал на малиот аеродром Ватри заради техничка проверка, кога интервенирала полицијата.

„Сала на аеродромот Ватри е претворена во чекална со индивидуални кревети за да им се обезбедат на патниците најдобри можни услови“, соопшти полицијата. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан