• недела, 24 ноември 2024

Франција побара од Кина да „испрати многу јасни пораки до Русија“

Франција побара од Кина да „испрати многу јасни пораки до Русија“

Пекинг, 1 април 2024 (МИА) - Францускиот министер за надворешни работи, Стефан Сежурне денеска во Пекинг изјави дека Франција очекува Кина да испрати „многу јасни пораки до Русија“ за прашањето за војната во Украина, пренесоа француските медиуми.

-Очекуваме Кина да испрати многу јасни пораки до Русија, рече министерот на заедничката прес-конференција со неговиот кинески колега Ванг Ји.

Сежурне рече и дека не е пожелно Франција драстично да ги намали економските врски со Кина. Сепак, министерот повика на поголема економска рамнотежа, бидејќи комерцијалната размена меѓу двете земји мора да „почива на здрава и цврста основа“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан