• среда, 25 декември 2024

Франција планира да позајми 270 милијарди евра на пазарите во 2023 година, што е рекорд

Франција планира да позајми 270 милијарди евра на пазарите во 2023 година, што е рекорд

Париз, 26 септември 2022 (МИА) - Франција има намера да подигне 270 милијарди евра долг на финансиските пазари во 2023 година, што е рекорд по 260 милијарди евра во 2021 и 2022 година, објави денеска агенцијата Франс Трезор на маргините на презентацијата на буџетот за следната година, јави дописникот на МИА од Париз.

Како што е наведено, во 2023 година, државата мора да најде 305,5 милијарди евра, наспроти 306 во 2022 година. Ако оваа бројка изгледа стабилна, Франција, сепак, повеќе нема да може да смета колку во 2022 година на готовината за претпазливост создадена во 2020 година за да ги ублажи здравствените шокови.

Падот на државниот дефицит (кој треба да се намали од 172,6 во 2022 година на 158,5 милијарди евра во 2023 година) исто така се компензира со потребата за обновување на претходните заеми кои ќе доспеат во 2023 година. „Во 2023 година, како и обично, отплаќаме двегодишни, петгодишни и десетгодишни должнички хартии од вредност. Ние, исто така, враќаме обврзници на 15 години и на 30 години“, изјави Сирил Русо, генерален директор на агенцијата Франс Трезор.

За да ги обезбеди парите, државата ќе издаде 270 милијарди евра обврзници на пазарите. За 10 милијарди евра ќе се зголемат и неподготвените краткорочни хартии од вредност (БТФ). Потсетувајќи дека државата „натрупала многу готовина во 2020 година за да се справи со здравствените шокови и тешките затворања“, Кирил Русо прецизираше дека од оваа готовина во 2023 година ќе се извлечат 18 милијарди евра наспроти речиси 50 милијарди оваа година.

Од почетокот на годината, државата се задолжуваше во просек по стапка од 1,18 отсто на пазарите додека таа беше негативна (-0,05отсто) во 2021 година, што значи зголемување на товарот на јавниот долг. Ова, вклучително и со кризата со Ковид-19, треба да се зголеми во 2023 година, според владиниот буџет за 20223 година, објавен денеска, приближувајќи се до 60 милијарди евра. тг/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан