• среда, 25 декември 2024

Франција осуетила три терористички заговора за време на Олимпијадата во Париз

Франција осуетила три терористички заговора за време на Олимпијадата во Париз

Париз, 11 септември 2024 (МИА) - Француските власти спречиле три терористички заговора за напад за време на Олимписките и Параолимписките игри во Париз, соопшти националниот обвинител за борба против тероризмот, Оливие Кристен.

Според обвинителот, заговорите вклучувале напади врз „израелски институции или претставници во Париз“ за време на Игрите, кои се одржуваа од 26 јули до 11 август.

Пет лица, меѓу кои и еден малолетник, биле уапсени под сомнение за учество во осуетените заговори, кои се случувале во контекст на војните меѓу Израел и Хамас и меѓу Русија и Украина.

Осомничените се под истрага за тероризам, а судењата се во тек. Повеќето заговори биле инспирирани од џихадистички закани.

Терористичката „Исламска држава“ продолжува да шири пропаганда, што се одразува врз младите во Франција, предупреди Кристен.ссм/

фото: архива

Остани поврзан