• среда, 27 ноември 2024

Франција од полноќ ги прекинува сите патувања од Обединетото Кралство за 48 часа

Франција од полноќ ги прекинува сите патувања од Обединетото Кралство за 48 часа

Париз, 20 декември 2020 (МИА) – Франција од вечерва на полноќ на 48 часа ги суспендира  сите патувања од Велика Британија, вклучително и оние поврзани со транспортот на стоки, по пат, авион, море или железница, посочи францската Влада по вечерашниов Совет за одбрана, одржан преку видео конференција, јави дописникот на МИА..

-Ќе бидат одобрени само товари без придружба. Протокот на луѓе или транспортот кон Обединетото Кралство не е засегнат, соопшти владата, затоа што од другата страна на Ла Манш е откриен нов вид на коронавирус, што се чини во оваа фаза од испитувања нема зголемена сериозност или отпорност на вакцината.

За време на овие 48 часа, здравствените власти мора да се договорат за нов режим на тестирање во соработка со нејзините партнери во Европската унија.тг/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан