• четврток, 26 декември 2024

Франција најверојатно ќе има четврти бран на Ковид-19

Франција најверојатно ќе има четврти бран на Ковид-19
Сепак, Делфрејси денеска додаде дека воведувањето на вакцината против Ковид-19 ќе помогне во ублажување на влијанието на овој нов бран на вирусот, за кој многу медицински експерти сметаат дека може да ја погоди Франција до септември или октомври.
- Мислам дека ќе имаме четврти бран, но тој ќе биде многу поумерен од претходните три бранови, бидејќи нивото на вакцинација е поинакво од порано, изјави Делфрејси за француското радио. Францускиот епидемиолог Арнауд Фонтанет, кој исто така ја советува француската Влада за научни прашања, за БФМ ТВ изјави дека очекува бројот на заразени со Ковид-19 во Франција повторно се зголемува во септември или октомври.
Министерот за здравство Оливие Веран на почетокот на неделава рече дека Делта варијантата на вирусот, поради чија стапка на ширење во светот некои земји повторно воведоа ограничувања за патувања, сега опфаќа околу 20 проценти од случаите во Франција. паг/  

Остани поврзан