• сабота, 23 ноември 2024

Франција наметнува барања до производителите на оружје да ја забрзаат воената помош за Украина

Франција наметнува барања до производителите на оружје да ја забрзаат воената помош за Украина

Париз, 26 март 2024 (МИА) - Францускиот министер за одбрана, Себастиен Лекорну изјави денеска дека е подготвен да ги искористи своите овластувања за да наметне конкретни барања за производниот капацитет на производителите на оружје или да постави приоритетни цели за нивното производство за да се забрза производството на оружје и муниција за Украина, како и како и за другите места во светот, пренесоа британските медиуми.

-Овие прашања... дефинитивно се на агендата, рече Лекорну на прес-конференција, додавајќи дека производствените и складишните линии се особено зафатени за ракетни системи за воздушна одбрана и артилериски гранати.

Тој, исто така, посочи дека може да побара конкретни залихи или да им нареди на компаниите за оружје да дадат приоритет на одредени нарачки.

-Бројот на странски нарачки за француските производители на оружје е голем, особено за противвоздушни, артилериски и радарски системи што ги користи украинската армија во битките со руските сили, истакна Лекорну. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан