• четврток, 26 декември 2024

Франција и Полска го отвораат 28. Светско ракометно првенство

Франција и Полска го отвораат 28. Светско ракометно првенство

Катовице, 11 јануари 2023 (МИА) – Со натпреварот меѓу ко-домаќинот Полска и Франција вечер во Катовице со почеток во 21 часот ќе стартува 28-от ракометен Мундијал.

Покрај Полска ко-домаќин на првенството кое ќе трае до 29 јануари ќе биде и Шведска.

Натпреварите ќе се играат во девет градови: (четири во Полска и пет во Шведска): Краков, Гдањск, Катовице, Плок, Стокхолм, Малме, Гетеборг, Јонкопинг и Кристијанштад.

На шампионатот учествуваат 32 репрезентации поделен во осум групи со по четири учесници. Првите три селекции напредуваат во главната рунда. 

Дел од Мундијалот ќе биде и македонската репрезентација која ќе игра во групата Ф заедно со Норвешка (15 јануари), Холандија (17 јануари) и Аргентина (19 јануари). зс/

Остани поврзан