• четврток, 26 декември 2024

Франција и Кина ги повикуваат граѓаните да не патуваат во Нигер

Франција и Кина ги повикуваат граѓаните да не патуваат во Нигер

Париз, 7 август 2023 (МИА) - Франција и Кина денеска ги повикаа своите граѓани да не патуваат во Нигер, откако локалните бунтовнички власти го затворија воздушниот простор.

„Француските граѓани во Нигер треба да бидат крајно внимателни - неопходно е да се ограничат патувањата, да се држат настрана од секакви собири и редовно да се информираат за ситуацијата“, се вели во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.

Од кинеската амбасада во главниот град на Нигер, Ниамеј, исто така беше објавено граѓаните да се воздржат од патување освен ако тоа не е неопходно. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан