• вторник, 24 декември 2024

Франција забранува пропалестински протести

Франција забранува пропалестински протести

Париз, 12 октомври 2023 (МИА) - Франција ги забранува пропалестинските протести бидејќи тие најверојатно ќе го нарушат јавниот ред и мир, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен во писмо до префектурите низ целата земја.

Претходно оваа недела, Хамас ги повика муслиманите низ светот да протестираат в петок за поддршка на Палестинците поради крвавиот конфликт со Израел.

Француската полиција ги чува домовите на водечките пратеници, вклучително и претседателот на Националното собрание Јаел Брон-Пива и пратеникот Мејер Хабиб, во услови на зголемени стравувања од антисемитско насилство предизвикано од војната на Израел со Хамас.

Претседателот на француското собрание, кој е член на партијата Преродба на претседателот Емануел Макрон, добил смртни закани.

Од саботата, француската полиција евидентирала повеќе од 100 антисемитски акти, но тоа се главно графити, рече Дарманен, наведувајќи дека најмногу има повици за убивање Евреи. Според него, имало некои посериозни дела, вклучително и спречување на вооружени мажи да влезат во еврејски објекти, објави претходно Си-Ен-Ен. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан