• вторник, 24 декември 2024

Франција го повика Израел да ги заштити Палестинците на Западниот Брег

Франција го повика Израел да ги заштити Палестинците на Западниот Брег

Париз, 29 октомври 2023 (МИА) - Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека насилството на доселениците на Западниот Брег, кое неодамна доведе до убиство на неколку палестински цивили, мора да престане.

-Франција ги повикува израелските власти да преземат итни мерки за заштита на палестинското население, се вели во соопштението.

Париз го осуди „неприфатливото насилство“ и „нападите на доселениците што доведоа до смрт на неколку палестински цивили во последните денови во Кусра и Савија, како и раселување на неколку заедници“, се вели во соопштението.

Повеќе од 100 Палестинци се убиени на Западниот Брег во израелските воени операции од почетокот на Хамас-израелската војна во Појасот Газа на 7 октомври, по крвавиот напад на Хамас во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе во Израел, од кои повеќето цивили, пренесоа француските медиуми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан