Франција го испраќа својот носач на авиони кон Медитеранот
- Макрон вели дека Франција треба да „застане рамо до рамо со нашите пријатели и сојузници во регионот“, додавајќи дека „одговорноста на земјата е строго одбранбена“.
Париз, 3 март 2026 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција во последните часови распоредила борбени авиони „Рафал“, противвоздушни системи и воздушни радари со цел пресретнување на ракети и беспилотни летала.
Тој, исто така, потврди дека Париз го испраќа својот носач на авиони „Шарл де Гол“ - водечкиот брод на француската морнарица - кон Медитеранот.
Тој нагласи дека земјата има договор за одбрана со Катар, Кувајт, ОАЕ, Јордан и Ирак и дека „ќе покаже солидарност“.
Макрон се осврна на ситуацијата во Либан каде што борбите меѓу Хезболах и Израел се обновени. Тој го осуди нападот на групата врз Израел како „голема грешка“ и го предупреди Израел против копнена инвазија врз својот северен сосед. мс/
фото: Архива