• сабота, 23 ноември 2024

Франција го испраќа носачот на хеликоптери „Диксмуд“ во близина на Либан

Франција го испраќа носачот на хеликоптери „Диксмуд“ во близина на Либан

Париз, 1 октомври 2024 (МИА) – Француски носач на хеликоптери ќе пристигне во источниот Медитеран во следните пет или шест дена за да заземе позиција доколку се донесе одлука за евакуација на странски државјани од Либан, изјави портпаролот на француската војска.

Западните земји ги разгледуваат опциите за безбеден транспорт на нивните државјани од Либан доколку таму избие целосна војна, при што Кипар и можеби Турција се споменуваат како можни засолништа за десетици илјади луѓе.

Израел соопшти дека денеска избувнале интензивни борби со Хезболах во јужен Либан, откако израелските падобранци и командоси извршиле рации на почетокот на копнената инвазија и по смртоносните воздушни напади врз раководството на либанската милиција.

Франција, која има 20.000 свои државјани во Либан, вчера го испрати својот носач на хеликоптери „Диксмуд“ на Блискиот Исток од пристаништето Тулон, изјави портпаролот на француската војска. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан