• среда, 25 декември 2024

Франција го затвора својот воздушен простор за руски авиони

Франција го затвора својот воздушен простор за руски авиони
Париз, 27 февруари 2022 (МИА) - Франција денеска, како и другите европски земји, најави дека ќе го затвори својот воздушен простор за руските авиони за да ја казни Русија за нападот врз Украина, објави на Твитер францускиот министер за транспорт Жан Баптист Џебари.
„Франција од вечерва го затвора својот воздушен простор за сите руски авиони и авиокомпании“, истакна Џебари.
Европската Унија ја разгледува можноста за целосна забрана за летови на руски авиокомпании на просторот на Унијата.
Повеќе земји веќе поединечно донесоа такви одлуки, a мерката на ниво на ЕУ би можела да биде дел од новиот пакет санкции против Москва.
И Финска ќе се приклучи на голем број европски земји кои воведоа забрани за прелет и влез на руски авиони. Претходно тоа го сторија Бугарија, Чешка, Естонија, Германија и Полска, а тоа вчера го најави и Литванија.
Авионите во руска сопственост, вклучително и приватните летала, повеќе не можат да влезат во воздушниот простор на Белика Британија и на Ирска. паг/
 
 

Остани поврзан