• среда, 25 декември 2024

ФПО првпат победи во Штаерска

ФПО првпат победи во Штаерска

Виена, 24 ноември 2024 (МИА) – Австриската ултрадесничарска Партија на слободата (ФПО) според проекциите, првпат победи на покраинските избори во Штаерска.

Изборите во Штаерска, чиј главен град е Грац, немаат моментално влијание на национално ниво, но го зголемуваат притисокот врз партиските лидери кои се обидуваат, по изборите во септември, да ја формираат првата трипартиска влада во земјата од 1949 година.

ФПО претходно победи во австриската покраина Корушка.

Не очекував толку добар резултат во Штаерска, изјави заменик претседателот на ФПО во Штаерска, Стефан Херман.

Според проекциите ФПО освоила 35,3 отсто од гласовите, а конзервативната Народна партија (ОВП) е втора со 26,6 отсто.

На ФПО ќе и треба коалициски партнер за да го контролира мнозинството во покраинскиот Парламент на Штаерска и да формира влада. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан