• среда, 25 декември 2024

Фотографија од „Свети Јован Канео“ победник во серијата фотографии од патувања на лондонски „Тајмс“

Фотографија од „Свети Јован Канео“ победник во серијата фотографии од патувања на лондонски „Тајмс“
Охрид, 17 мај 2021 (МИА) – Црквата „Свети Јован Канео“, едно од најрепрезентативните обележја на Охрид, е мотивот на наградената фотографија што ја додели вчерашното издание на неделното издание на лондонскиот весник „Тајмс“. Станува збор за фотографија на Стив и Џин Куртек, испратена до весникот на отворениот конкурс за најдобра фотографија, за потребите на специјалното издание за патувања „Treilfinders“. Победниците на серијата седмични фотографии влегуваат во трка за финалната награда што ќе биде прогласена дополнително. Охрид и неговите природни убавини заедно со неповторливиот амбиент што го дава Охридското Езеро честопати е мотив на фотографии објавувани во најпознатите светски дневни весници и престижни специјализирани списанија. аб/сст/

Остани поврзан