• среда, 20 ноември 2024

Форум за презентација на наоди од социјално мапирање во Велес

Форум за презентација на наоди од социјално мапирање во Велес
Велес, 22 август 2021(МИА) - Тематски форум со наслов „Презентација на наоди од социјално мапирање во Општина Велес“ вчера се одржа во Општина Велес. На форумот се презентираа клучните наоди од спроведеното социјално мапирање, во орагнизација на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, во соработка со Општина Велес и истражувачката компанија „Стратум Рид“. Од општинската прес-служба информираат дека општината вклучена во социјалното мапирање ќе добие стручна помош за интегрирање на клучните наоди што произлегуваат од социјалното мапирање во стратешките документи на општината во областа на социјалната заштита. Посочуваат дека активностите се дел од проектот  „Регионално учење за имплементација на Агенда 2030 во Југоисточна Европа“ кој се имплемнтира во соработка со NALAS, Мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа, и финансиска поддршка од GIZ, Германското друштво за меѓународна соработка. - Една од целите на проектот е зајанување на капацитетите на локалните самоуправи за интегрирање на целите за одржлив развој и примена на принципот „Никој да не биде изоставен“ при креирање на локалните политики и буџети, појаснуваат од Општина Велес. Инаку, во рамки на проектните активности, ЗЕЛС објави јавен повик за изразување интерес на општините за спроведување на методологија за социјално мапирање. Тие информираат дека во рамките на оваа проектна активност беа избрани три општини (Велес, Битола и Штип) за спроведување на методологијата за социјално мапирање со цел интегрирање на податоци за социјално загрозени групи во процесите на планирање и донесување одлуки во домен на  социјалната заштита.ад/фф/

Остани поврзан