• вторник, 24 декември 2024

Форум за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот во организација на СЗДСМ

Форум за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот во организација на СЗДСМ
Скопје, 12 ноември 2021 (МИА) - „Сто години инсулин“ и „20 години Сојуз на Здруженија на Дијабетичари на Македонија“ ќе бидат одбележани денеска. На Форумот по повод одбележување на јубилеите, кој ќе се одржи во Скопје со почеток од 11 часот, свои обраќања ќе има министерот за здравство, Венко Филипче, доцент д-р Саша Јовановска Мишевска, директор на ЈЗУ УК за ендокринологија дијабетес и болести на метаболизамот, и Димче Велев, претседател на СЗДСМ. Како што информираат од СЗДСМ, на настанот ќе биде потпишан и Меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство и СЗДСМ. Дополнително, ќе се одржи и панел дискусија „Само заедно можеме и повеќе“ на која панелисти ќе бидат д-р Зоран Гучев, ЈЗУ УК за детски болести и д-р Ирфан Ахмети, претседател на Национална комисија за дијабетес. ар/вг/

Остани поврзан