• петок, 27 декември 2024

Форум за еднаквост и различност се одржа во Кавадарци

Форум за еднаквост и различност се одржа во Кавадарци

Кавадарци, 23 јули 2024 (МИА) - Форум за еднаквост и различност се одржа денеска во Кавадарци, информираа попладнево од Комисијата за еднакви можности при Општината.  

- Форумот имаше за цел да поттикне инклузивност и да се адресираат релевантни прашања во заедницата. Се презентираа наодите и препораките на проектот, истражување на општинските програми и буџети во насока на борба против дискриминација во Општина Кавадарци, со акцент на Комисија за еднакви можности -Општина Кавадарци и инкорпорирање на интерсекцискиот пристап при решавање на предизвиците со кои се соочуваат жените и лицата со попреченост во Општина Кавадарци, појаснија од Комисијата. 

Форумот е дел од проектот,, Од несвесни за различностите, во трансформативни локални заедници кои препознаваат различности и инклузивна еднаквост", што го спроведува Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, Полио плус и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ). свд/дма/


Фото: Фејсбук на Комисијата за еднакви можности 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан